(Видео) Украинска новинарка гневна до солзи до Џонсон: Вие се плашите, НАТО се плаши!

by fokus

Украинска новинарка и активистка гневна до солзи на денешната прес -конференција во Полска, побара од британскиот премиер, Борис Џонсон западните нации со сила да воведат забрана за летање над Украина.

-Моите колеги стравуваат дека ќе бидат застрелани. Харкив денеска беше бомбардиран. Украинските жени и деца се плашат од бомбите и ракетите кои паѓаат од небо. Украинците од очај го молат западот да го заштити воздушниот простор, а вие зборувате дека тоа ќе предизивика Трета светска војна. Која е алтернативата премиере? Речиси е невозможно да се помине границата, колоните се долги 30 километри. Замислете да мора да ја преминете границата со деца. Велика Британија ни гарантираше безбедност. Зошто тогаш сте во Полска, а не во Киев. Се плашите, НАТО не сака да се вклучи бидејќи тоа може да предизвика Трета свеска војна. Таа веќе почна, а украинските деца се тие кои ја трпа, му се обрати новинарката на Џонсон.

Џонсон се заблагодари на прашањето и објаснуваше на новинарката дека доколку се случи тоа би дошло до директен судир со Русија.

-Веќе му го кажав тоа на претседателот Зеленски, ако се вклучи Велика Британија со својата војска, тоа ми значело директен судир со Русија и ние тоа не може да го дозволимме. Последиците би виле тешки. Им помагаме на Украинците колку можеме, рече Џонсон.

Тој денеска предупреди на зголемените размери на хуманитарната криза предизвикана од воените конфликти во Украина и зголемениот број бегалци и рече дека бројот на бегалци може да се зголеми на над милион и понуди Британија да прифати 200.000 Украинци.

-Ќе им олесниме на Украинците кои веќе живеат во Велика Британија да ги донесат своите роднини во нашата земја. Иако е тешко да се проценат точните бројки, може да има повеќе од 200.000, рече Џонсон за време на посетата на Варшава.

Поврзани новости