Сензација на Вимблдон во режија на Украинката Елина Свитолина која во три сета славеше против најдобрата светска тенисерка во моментов – Ига Швјонтек со резултат 7:5, 6:7 и 6:2.
Швјонтек во дуелот беше апсолутен фаворит.
Тенисерката број еден играше против Украинката која е 76. на ВТА листата.
Полската тенисерка која беше прва носителка на турнирот и најголем фаворит за новата Грен слем титула, денеска се прости со Вимблдон во рана фаза, во четвртфиналето, со оглед на очекувањата.
Највпечатливо е што Свитолина не играше повеќе од една година поради бременост и породување. Раѓањето на ќерката го прослави со својот партнер, познатиот тенисер Гаел Монфис, и затоа не играше од почетокот на 2022 година до април оваа година.
Таа се врати на теренот на Вимблдон и приреди сензација.