Необичен инцидент се случил утринава во полскиот град Краков.
Според тамошните медиуми, околу 8 часот повозрасен маж почнал вербално да ги малтретира луѓето собрани пред украинскиот конзулат во Краков.
Ги навредувал и им рекол да се вратат во Украина и да ја бранат својата земја од руската инвазија. По извесно време, тој се полил со запаллива течност и се самозапалил.
На помош веднаш дошла блиската полициска патрола и го изгаснала пожарот со автомобилски апарат за гаснење пожар, објави Краковска газета.
Повредениот, 62-годишен украински државјанин, добил прва помош на лице место, а потоа со возило на Брза помош бил пренесен во болница.
Лекарите ја опишуваат неговата состојба како „тешка“ и „опасна по живот“.
Полицијата ја истражува позадината на инцидентот.