Украина воведува задолжителна вакцинација за наставниците и администрацијата

by Fokus

Властите во Украина соопштија дека вакцинацијата против ковид-19 станува задолжителна за просветните работници и за државните службеници. Украинското министерство за здравство соопшти дека се решиле на ваков потег со цел да го заштитат животот и здравјето на Украинците и да обезбедат безбедна средина во школите и државните структури.

Според одлуката, просветните работници и државните службеници имаат околу еден месец да ја примаат вакцината, а доколку не се вакцинираат ќе бидат суспендирани од работа и нема да земаат плата.

Украина, која има околу 40 милиони жители, има ниска стапка на вакцинација. Досега само 19 отсто од населението примило барем една доза, а 16 отсто е ревакцинирано.

 

Поврзани новости