Украина во јуни очекува да добие кандидатски статус за членство во ЕУ

by Fokus

Украинската вицепремиерка задолжена за европска и евроатлантска интеграција, Олга Стефанишина изјави дека очекува Украина во јуни да добие кандидатски статус за членство во ЕУ.

Стефанишина истакна дека нејзината земја е подготвена брзо да продолжи со својата кандидатура за членство во ЕУ.

Нејзините изјави доаѓаат еден ден откако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вети брз одговор на барањето на Украина за членство во Унијата.

На заедничката прес-конференција со Володимир Зеленски, Фон дер Лајен му врачи на украинскиот претседател прашалник кој ќе претставува почетна точка за одлука за членство.

– Тоа нема да биде, како и обично, прашање на години да се формира ова мислење, туку мислам дека ќе биде прашање на недели. Почитуван Володимир, мојата денешн порака е јасна: Украина припаѓа на европското семејство. Го слушнавме вашето барање, гласно и јасно, додаде Фон дер Лајен.

Зеленски нагласи дека ќе се врати со одговори за една недела.

Поврзани новости