Украинската армија денес тврдеше дека го убила командантот на руската Црноморска флота во напад на нејзиното седиште што се случи во петокот во Севастопол, во анектираниот Крим.
-Триесет и четворица офицери, вклучително и командантот на руската црноморска флота, загинаа по нападот, објавија украинските специјални сили на Телеграм, без да наведат никакви докази.
-Повредени се уште сто и пет лица. Зградата на штабот не е поправена, потврди истиот извор.
Агенцијата АФП наведува дека не може да ги потврди овие тврдења, додека Москва речиси никогаш не известува за загуби во Украина, дури и кога станува збор за високи функционери.
Русија во петокот извести дека само еден војник се води за исчезнат откако во напад тешко е оштетено седиштето на руската Црноморска флота.
Нападот ја илустрира тешкотијата на руската противвоздушна одбрана во спротивставувањето на редовните напади на украинскиот полуостров, кој беше анектиран од Русија во 2014 година и е важен логистички центар за силите на Москва.
Украина вети дека ќе ги врати сите територии окупирани од Москва, вклучувајќи го и Крим.