493
Украина гради армиран бетонски ѕид на границата со Белорусија, како и други утврдувања, соопшти денеска советникот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко.
Тимошенко изјави дека во Волинската област на границата со Белорусија, која Украина ја гледа како закана, бил изграден ѕид од три километри и зајакнат со бодликава жица.
Тој додаде дека во близина на ѕидот има вреќи со песок и ровови, а објави и фотографии на кои се гледа како обезбедувањето ја одвиткува бодликавата жица во близина на ѕидот, кој изгледа е висок повеќе од два метри.
Тимошенко изјави дека се во тек и други работи во регионите Ровењска и Житомир, но не објасни за што се работи.
Границата на Украина со Белорусија е долга повеќе од 1.000 километри