512
Украина воведе санкции за руската нуклеарна индустрија во следните 50 години, се вели во декретот потпишан од претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Тие мерки се насочени кон 200 руски компании и организации, а една од нив е руската државна агенција Росатом, за која „Киев Индепендент“ пишува дека незаконски управува со окупираната нуклеарна централа Запорожје.
Киевскиот весник додава дека Русија ја искористила фабриката „за нуклеарна уцена“.