Фудбалската репрезентација на Македонија имаше водство од 2-0 на полувремето, но на крајот загуби од Украина со 2-3 во вториот меч од квалификациите за ЕВРО 2024 на арената „Тодор Проески“.
Во првите 45 минути Енис Барди донесе водство реализирајќи пенал во 31 минута, а потоа Елиф Елмас постигна спектакуларен гол од далечина за 2-0 во 39 минута.
Но, Украинците ја преземаа иницијативата и за шест минути успеаја да израмнат. Во 62 минута Илиа Забарниј со удар со глава намали на 2-1, а Јуким Конопља израмни само шест минути подоцна.
Да биде уште полошо, Висар Муслиу заработи црвен картон во 73 минута, а тоа Украина го искористи и да стигне до триумф.
Виктор Циганков во 83 минута постигна победнички гол, а двете асистенции за пресврт беа дело на Михаило Мудрик, ѕвездата на Челси.
Македонија во понеделник ќе гостува на „Олд Трафорд“ и ќе ги одмери силите со најголемиот фаворит во групата, селекцијата на Англија.