Украина со остра порака за Радев- војната да не се користи за политички цели

by fokus

Украина е таа која најмногу сака мир, а агресорот е тој кој инсистира да води војна!

Ваков став до медиумите во Бугарија испратија од Амбасадата на Украина во Софија по изјавата на бугарскиот претседтаел Румен Радев дека Киев инсистира на војна за која Европа ја плаќа сметката.

Дипломатското претставништво потсетува дека Украина е таа која страда од руска воена агресија и апелира тоа да не го користат одредени политички сили во Бугарија за „политички цели“ во претстојната кампања за локални избори.

-Сакам да биде јасно дека Украина инсистира да ја води оваа војна, но треба да биде јасно и дека цела Европа ја плаќа сметката, изјави вчера Радев, јавија бугарските медиуми.

Инаку официјална Софија го испрати најголемиот пакет еднократна воена помош за Украина, оклопни возила со 100 оклопни возила од резервите на бугарската полиција.

Одлуката за оклопните возила е објавена само една недела по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Бугарија.

Поврзани новости