Меѓу сојузниците на Москва, Северна Кореја претставува најголем проблем за Киев поради масовното снабдување на Москва со артилериски гранати, кои се користат на украинскиот фронт, изјави денеска шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов.
„Од сите сојузници на Русија, нашиот најголем проблем е Северна Кореја, бидејќи со количината на воена опрема што ја испорачуваат, тие навистина влијаат на интензитетот на борбите“, рече тој на конференцијата во Киев.
„Непријатно е тоа што испорачуваат и балистички ракети“, но, како што нагласи, е помалку сериозно поради нивната помала количина.
Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја го обвинија Пјонгјанг дека и доставува на Русија муниција и проектили за да ја поддржи нејзината инвазија на Украина, која трае од февруари 2022 година.
Пјонгјанг ги негира обвинувањата, но организацијата „Conflict Armament Research“ оваа недела соопшти дека анализата на остатоците покажала дека „ракетите произведени оваа година во Северна Кореја се користат во Украина“.
Буданов смета дека Русија ќе се обиде да стави крај на војната „пред 2026 година“. со цел да избегне слабеење на нејзините позиции поради акумулацијата на економските проблеми, главно поради западните санкции и проблемите со мобилизацијата поврзани со значителни загуби на фронтот.