466
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска изјави дека Украина ги продолжува интензивните подготовки за самитот на НАТО во Вилнус.
Од утро до вечер го гледаме самитот во Вилнус и постојано преговараме… Сега влеговме во многу интензивна фаза на преговори. Тие не се лесни. Резултатите веќе постојат, но не се целосно задоволувачки“, рече министерот, коментирајќи ги дипломатските контакти на Киев пред самитот на Алијансата, пренесува „Украинска правда“.
Самитот на НАТО ќе се одржи во Вилнус на 11 и 12. јули.
Како што беше претходно најавено, Украина формулираше две конкретни очекувања од претстојниот самит во однос на членството и безбедносните гаранции и ќе инсистира на нивна реализација.