Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва има информации дека платени војници од Косово, Албанија и Босна биле испратени во Донбас.
-Русија внимателно ги проверува информациите кои упатуваат дека во регионот на Донбас се испратени платеници кои се регрутирани од самопрогласените Косово, Албанија и Босна – рече Лавров.
Тој потсети дека платениците доаѓаат од регионите кои во минатото биле цел на НАТО интервенција.
-Германскиот канцелар Олаф Шолц и сите други лидери на НАТО велат дека алијансата е одбранбена. Рускиот претседател Владимир Путин потсети на бомбардирањето во 1999 година на прес-конференција по средбата со Шолц. Шолц рече дека НАТО интервенирал за да спречи геноцид врз косовските Албанци – рече Лавров.
Но, според него, НАТО интевенцијата ги влошила условите за живот во овие региони.
-Косово и некои други делови од Западен Балкан стануваат плодна почва за криминал. Има терористи, дилери на дрога. Овие места се главните регрутни центри за платеници кои се ангажираат за учество во разни конфликти меќу кој и конфликотот во Украина – истакна Лавров.
Претходно, Русија соопшти дека разузнавачките информации од Донбас покажале присуство на британски и полски платеници кои дејствуваат на линијата на фронтот во источна Украина и се борат против проруските милиции во регионот.