758
Руските вооружени сили извршија ракетен напад врз градот Љуботин во североисточниот дел на регионот Харков, соопштија украинските власти.
Според нив, во нападот биле целосно уништени неколку куќи, објави Би-Би-Си.
Регионалното обвинителство во Харков соопшти дека седум луѓе се повредени во нападот, а од урнатините е извлечено тело на едно лице.