Украина повторно ги повика руските војници да се предадат

by fokus

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска ги повика руските војници да го положат оружјето, ветувајќи им „живот и безбедност“.

– Сè уште можете да ја спасите Русија од трагедија и руската армија од понижување. Гарантираме веднаш живот, безбедност и правда за сите кои одбиваат да се борат, истакна Резников на руски јазик во видеото упатено до руските војници.

Тој додаде дека „ќе им се суди на тие што издале криминални наредби“.

Поврзани новости