Украина почнува мобилизација на жените: „Без нив тешко ќе се реши хаосот во армијата“

by Fokus

Украинскиот парламент Врховната рада ги направи првите чекори кон мобилизација на жените во војната со Русија, изјави украинскиот претставник Дмитро Разумков.

Разумков рече дека законот бр. 12076, донесен на 3 декември, содржи одредба која им дозволува на жените кои ги исполнуваат здравствените и возрасните критериуми да аплицираат за воена служба како резервисти и да поминат основна воена обука, објави украинскиот портал Страна њуз. Разумков повика на отстранување на таа одредба пред второто читање на законот.

Доколку се усвои, оваа промена би можела значително да влијае на ситуацијата во украинската војска и да овозможи регрутирање жени за учество во војната. Според предложените измени на Законот за воена регрутација и воена служба, жените кои сакаат да служат во украинската армија можат да бидат регрутирани и запишани во регистарот на резервни војници.

Сепак, дел од предлогот наиде на критики, вклучително и од Главната научна и стручна управа на Врховната Рада, која истакна дека „не е соодветно да се регистрираат жени како резерви веднаш пред почетокот на основната воена обука“, пренесува Индекс.

Според сегашниот украински закон, во армијата се регрутираат мажи на возраст над 25 години. Законот дозволува жените да волонтираат, но не и задолжително да се мобилизираат.

Поврзани новости