Украина почна да ги користи касетните бомби

by Фокус

Украинската војска почна да ги користи касетните бомби што ѝ ги дадоа САД за борба против руските сили, објавија американските медиуми.

Касетната муниција Украина ја користи против добро утврдени позиции на руската армија на југоистокот на земјава.

Употребата на ова оружје е во рамките на контраофанзивата против Русија, а САД сè уште чека информации од украинските сили за тоа колку било ефикасно користењето на касетните бомби.

Употребата на овој вид оружје е забранета повеќе од 100 години, но САД, Украина и Русија не се потписници на оваа Конвенција.

Русија, според податоците на Обединетите нации, од почетокот на воената агресија врз Украина во февруари лани, дури 24 пати употребила касетни бомби во населени места.

Одлуката ваква муниција да им се додели и на украинските сили, САД ја објавија на 8 јули, на што дел од сојузниците се противеа.

Поврзани новости