Украина ослободи 106 руски воени затвореници

by Fokus

Руското Министерство за одбрана соопшти дека денеска Киев ослободил 106 руски војници кои биле во украинско заробеништво.

Министерството соопшти дека, како резултат на преговарачкиот процес, денеска се вратиле 106 руски војници кои биле во животна опасност во заробеништво од територијата под контрола на режимот во Киев, пренесе РИА Новости.

Според информациите, руските војници ќе бидат префрлени во Москва на лекување и рехабилитација.

Претходната размена на затвореници меѓу Москва и Киев се случи на 7 март. Руското Министерство за одбрана тогаш објави дека се ослободени 90 војници.

Поврзани новости