Властите во Киев одбија да увезат десет тенкови Leopard 1A од Германија со образложение дека им требаат значителни поправки, пишува Der Speigel.
На Украина и недостасуваат резервни делови и техничка експертиза за нивна поправка, пишува весникот. За потсетување, Германија се обврза да испрати 110 тенкови во Украина како дел од пакетот воена помош од 2,9 милијарди долари објавен напролет. Повеќето од нив се Leopard 1A, а првите почнаа да пристигнуваат во јули, објави The New York Times. На почетокот на август германската новинска агенција Die Welt објави дека само 10 отсто од тенковите ветени на Украина и биле доставени на Украина.
Според Форбс, група Leopard 1A, исто така, се расипала во текот на летото, веднаш по пристигнувањето во Украина.
Leopard 1A е застарен тенк од времето на Студената војна и последен пат бил користен во Германија во 2000 година. Сепак, според NYT, тој е сепак подобар од тенкот Т-72, моделот што Русија интензивно го користеше во инвазијата на Украина .
По одбивањето од Украина, германската армија добила задача да ги поправи тенковите, кои биле во складиште, а Украина испратила војници да бидат обучени да ги користат, пишува Der Spiegel.
Меѓутоа, во брзањето да се донесат тенковите на бојното поле, се покажа дека има проблеми со набавка на оригинални резервни делови и обука на украински техничари за поправка, пишува весникот.
Портпаролот на германскиот министер за одбрана Борис Писториус одби да го коментира случајот за Der Speigel.