Украина: Од руското гранатирање четворица загинаа во Харков, а 23 лица се повредени во Херсон

by Fokus

Четири лица загинаа по руски ракетен напад врз село во областа Харков во североисточниот дел на земјата, изјави регионалниот гувернер Олег Синехубов. Синехубов на Телеграм рече дека руските сили го гранатирале селото Хурјив Козачок.

„Противтенковска наведувана ракета погоди автомобил кој се движеше кон село во близина на границата со Русија. Четворицата цивили кои беа во автомобилот загинаа на лице место“, рече гувернерот.

Во руското гранатирање на Херсон ранети се 23 лица, меѓу кои и три деца, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

Против цивилното население беше употребена артилерија“, објави Министерството на Телеграм. Во неколку области на градот одеднаш одекнаа експлозии.

„Меѓу ранетите има 15-годишно момче, 16-годишно девојче и 11-годишно девојче. На сите им е укажана лекарска помош. Оштетени се неколку згради и инфраструктурни објекти“, беше објавено на Телеграм.

 

Поврзани новости