Украина обвинува: Непријателот го нападна хуманитарниот коридор

by fokus

Украина ја обвини Русија за кршење на хуманитарниот коридор чија цел е да им овозможи на цивилите да го напуштат опколениот јужен пристанишен град Мариупол.

-Непријателот изврши напад насочен токму кон хуманитарниот коридор, соопшти Министерството за одбрана на Фејсбук, додавајќи дека „руската армија не дозволила децата, жените и постарите луѓе да го напуштат градот“.

Русија го именуваше Мариупол како еден од четирите градови каде што ќе бидат отворени коридори за евакуација.

Поврзани новости