Украина обвинува дека Русите го напаѓаат Херсон

by Фокус

Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските сили истрелале 33 ракети врз цивилни цели во украинскиот град Херсон во последните 24 часа.

Во својот утрински извештај тие наведуваат дека руските сили со минофрлачи и артилерија ги напаѓаат населените места на десниот брег на реката Днепар во близина на Херсон, пренесува Ројтерс.

Русија негира дека гаѓала цивилни цели во нејзините напади.

Поврзани новости