Американскиот претседател Џо Бајден, во пресрет на неговата европска турнеја и учеството на НАТО самитот во Литванија, најавува дека прашањето за украинското приклучување кон Алијансата ќе биде отворено на собирот.
-Не мислам дека има едногласност во НАТО за тоа дали Украина треба сега да влезе во Алијансата, токму во период кога е во војна. На пример, ако го направивте тоа, тогаш знаете дека НАТО има преземено обврска дека нема да отстапи ниту педа од територија која е во Алијансата. Тоа е обврска која сите ние ја презедовме, без разлика на се. Ако војната трае, тогаш сите сме во војна. Тогаш ние би биле во војна со Русија – вели Бајден.
Тој објаснува дека иако прашањето за членство на Украина во НАТО се уште е далеку, САД и Сојузниците ќе продолжат со воената поддршка за Киев за одбрана од Русија.
-Мислам дека треба да поставиме рационален пат за Украина да може да се квалификува за влез во НАТО. Но, мислам дека е прерано да се каже, да се повика на гласање сега, бидејќи има други критериуми кои треба да се исполнат, вклучително и демократизација на земјата – порача Бајден.