Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја не бара од западните сојузници „нуклеарно оружје“ за да се бори против руската инвазија.
Зеленски ова го изјави по неколку двосмислени изјави на оваа тема.
„Ние не бараме да ни се даде нуклеарно оружје“, им рече тој на новинарите во понеделникот.
Во говорот во Брисел минатата недела, Зеленски рече дека Украина треба да има „нуклеарно оружје“ доколку не може да биде дел од НАТО.
„Или Украина има нуклеарно оружје, кое ќе служи како нејзина заштита, или ќе биде дел од некој вид на сојуз“, рече Зеленски во четвртокот, додавајќи дека не знае за „поефективен сојуз од НАТО“.
Рускиот претседател Владимир Путин, кој и самиот постојано зборуваше за нуклеарната закана од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, изјавата на Зеленски ја нарече „опасна провокација“.
„Можам веднаш да кажам дека Русија во никој случај нема да дозволи тоа да се случи“, рече тогаш Путин.