Украина: Најмалку четири лица загинаа во нападот на руската армија врз Харков

by Fokus

Најмалку четири лица загинаа во текот на ноќта во воздушен напад на руската армија врз Харков во Украина, изјави утрово градоначалникот на тој град Игор Терехов.

Терехов на Телеграм напиша дека четири лица се убиени во напад на руските сили по полноќ во областа Основјанск во Харков, пренесе Укринформ.

Градоначалникот изјави дека во нападот биле уништени две куќи, а околу 20 биле оштетени.

Поврзани новости