Украина може да ѝ се приклучи на Европската Унија во 2030 година, порача Шарл Мишел

by Fokus

Украина може да ѝ се приклучи на Европската Унија во 2030 година доколку двете страни си ја завршат домашната задача, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Украина и другите земји кандидати мора да спроведат реформи, да се борат против корупцијата и да ги исполнат законските барања. Нам во ЕУ треба да ни биде јасно што сакаме да постигнеме заедно, кои се нашите приоритети и на што сакаме да ги трошиме парите. И ние мора да ги забрзаме нашите процеси на одлучување“, изјави Мишел во интервју за германски „Шпигел“.

Тој предупреди дека земјите од Западен Балкан 20 години чекаат да влезат во ЕУ поради што таму расте влијанието на Русија и Кина. Просперитетна и безбедна Украина е во интерес на Европа, додаде тој.

 

Поврзани новости