Украина ќе го конфискува рускиот имот

by Fokus

Украинската Влада денеска одобри указ со кој целиот руски имот на територијата на Украина се пренесува на државата односно на државното претпријатие Национален инвестициски фонд.

– И претседателот и Владата повеќе пати зборуваа дека Русија мора да плати за тоа што го уништи во Украина, изјави премиерот Денис Шмигаљ.

Тој на Телеграм објави дека Киев ќе одземе сè што Русија поседува во Украина и тоа ќе го искористи за зајакнување на армијата, за поддршка на луѓето и за обнова на земјата

Поврзани новости