110
Пред еден месец Украина испратила ново барање за донација на воена опрема од Македонија, но овој пат не сме биле во можност да одговориме позитивно, бидејќи опремата која се барала ѝ била потребна и се користи во нашата држава, рече денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.
– Да, има ново барање, но во моментов не можеме да одговориме позитивно на барањето – рече на брифинг со новинарите министерката Петровска.
Од министерството за Одбрана велат дека Македонија претходно два пати одговори позитивно на барањата од Украина за донација на воена опрема, но дека станувало збор за застарена опрема која не се користела во нашата армија и била само товар и трошок за одржување.