106
Амбасадорите на земјите-членки на Европската Унија постигнаа „начелен договор“ за отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија за членство во Унијата, соопшти белгиското претседателство со Советот на ЕУ.
Како што соопшти Белгија, „амбасадорите дале начелна согласност за преговарачките рамки“, а претседателството ќе ги свика првите меѓувладини конференции за 25 јуни.
Оваа одлука мора да биде официјално потврдена на министерскиот состанок на 21 јуни.
Начелниот договор го поздрави и претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.
„Ние ги исполнуваме нашите ветувања и ќе ве поддржиме на вашиот пат кон членство“, објави Мишел.