Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави ограничувања на активностите на 11 политички партии во таа земја, при што некои се обвинети за врски со руската држава.
Во видео-обраќање, Зеленски именуваше неколку партии, вклучително и Опозициската платформа за живот, една од најголемите проруски партии со 44 претставници во украинскиот парламент.
Партијата ја предводи Виктор Медведчук, кој има пријателски и кумски врски со рускиот претседател Владимир Путин.
На листата е и партијата Наши, предводена од Јевхениј Мураев.
Пред руската инвазија, британските власти предупредија дека Русија сака да го назначи Мураев за лидер на Украина.
-Со оглед на големата војна што ја иницира Руската Федерација и врските меѓу неа и некои политички структури, активностите на голем број политички партии се суспендирани додека трае воената состојба“, рече Зеленски во видео обраќањето на 20 март.