Украинските власти денеска ги повикаа загрижените мајки на руските војници заробени на бојното поле да дојдат и да ги земат своите синови.
– Донесена е одлука да се предадат заробените руски војници на нивните мајки доколку дојдат да ги земат во Украина, во Киев, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.
Објавени се телефонски броеви и мејлови преку кои мајките може да добиајт информации за своите синови заробени во Украина.
Доколку е потврдено дека нивниот син е заробен, руските мајки се повикани да дојдат во Полска и потоа да влезат во Украина преку премините на границата.
-Ќе бидете дочекани и испратени до Киев каде ќе ви бидат предадени синовите. За разлика од фашистот Путин, ние не водиме војна против мајки и нивните заробени деца, наведуваат од Министерството.
За време на судирот меѓу Москва и чеченските сепаратисти, бројни млади руски регрути биле пратени на фронт и заробени.
Мајките на војниците тогаш се мобилизирале да ги вратат синовите живи или нивните тела, а тоа движење предизвика антивоени протести во Русија.