Украина ги кажа барањата, Русија порачува дека сака договор

by Фокус

Итен прекин на огнот и повлекување на војниците, побара украинската страна во пресрет на денешните преговори со Русија во Белорусија.

Украинска делегација, составена од министерот за одбрана Олексиј Резников, претседателскиот советник Михаило Подољак и други, со два хелокоптери утрово пристигна на украинско-белоруската граница за да учествува во преговорите со руската делегација.

 

Еден од руските преговарачки, Владимир Медински, пак, порача дека Москва е заинтересирана за постигнување договор со Украина на разговори.

-Русија е заинтересирана да дојде до договор што е во интерес на двете страни на разговорите со Украина – изјави утрово рускиот преговарач Медински, додека официјалните лица се подготвуваа да се сретнат во близина на границата.

Поврзани новости