Украина ги чува телата на руските војници и е подготвена да и ги врати на Русија

by fokus

Украина во ладилници ги чува телата за загинатите руски војници во инвазијата на земјата и е подготвена, според меѓународното право, да ги испрати за Русија штом ќе заврши активниот дел од војната, пренесе Ројтерс.

-Според нормите на меѓународното хуманитарно право, а Украина строго се придржува до нив, по завршувањето на активната фаза на конфликтот, страните мора да ги вратат телата на армијата на друга земја. Украина е подготвена да му ги врати телата на агресорот, изјави Володимир Ламзин, шеф на украинската цивилно-воена соработка.

Украина јавуваше за бројка од над 20.000 убиени руски војници, но Русија ретко информираше за жртвите и соопштуваше драстично помали бројки. Војната почна на 24 февруари.

Поврзани новости