Украина е подготвена да го спроведе договорот од Минск, изјави Макрон

by Fokus

Украина е подготвена да ги спроведе договорите од Минск изјави францускииот претседател Eмануел Макрон по средбата со неговиот украински колега.

Макрон рече дека и од Шефот на руската држава Путин добил потврда дека ќе ги почитува мировниите договори за источна Украина од 2014 и 2015 година.

Договорите се најдобриот начин да се заштити интегритетот на Украина порача Макрон од Киев додека Зеленески рече дека очекува наскоро да има самит со лидерите на Русија, Франција и Германија за ситуацијата во источниот дел на Украина. По Киев и Москва, следна дестинација на Макрон е Берлин а негов домаќин ќе биде канцеларот Шолц.

-Потребно е да се работи броз, за да се избегне ескалација. Секое продолжување да се трупаат тензии ризикува да го намали балансот и мирот на континентот. Тоа не е му е во интерес на никој. Ниту Русите, ниту Европејците имаат интерес од нестабилност и хаос во време кога континетот страда од здравствена криза. Приоритет ни е спокојство и мирен ум.

Путин и макрон на вчерашната шестчасвона средба во Москва се согласиле дека е потребна деескалација на тензиите околу Украина а нови разговори ке имаат слдеените деновиве.. Францускиот претседател тврди дека шефот на руската државаго уверувал дека руските сили нема да ја влошуваат кризата во близина на границата со Украина а Путин му порачач дека Русија нема да се откаже од безбедносните гаранции кои ги бара од НАТО и САД и дека разговорите по тоа прашање не се завршени.

– Ние не се движиме кон НАТО, туку е НАТО кој се движи кон нас. Затоа, да се рече дека Русија се однесува агресивно нема смисла. Дали ние сме тие кои се доближивме до границата? Структурите на НАТО дојдоа до нас порача Путин.

Ако Русија изврши инвазија, тоа значи тенкови и трупи повторно да ја преминат границата на Украина, во тој случај повеќе нема да има Северен Поток 2. Ние ќе му ставиме крај на тоа

Заканувачката порака до рускиот лидер ја уапти првиот човек на САД за време на вчерашната заедничката прес конференција со неговиот гостин, канцеларот на Германија. Гасоводот е од огормно значање и за Русија и за Германија.

 

Поврзани новости