518
Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска изјави дека членството во Европска Унија не може да се направи за неколку месеци, но оти Украина е дел од „европската куќа“.
– Не се разбудивме сега во поинаков свет, бидејќи ЕУ отсекогаш била куќа чии врати биле отворени, истакна Бербок на заедничката прес-конференција по средбата со словенечкиот колега Анже Логар.
Таа додаде дека пристапувањето на Украина нема да значи дека ЕУ сака да ја одвои од Русија, но тоа ќе ја одрази желбата на многу Украинци нивната земја да се приклучи на ЕУ.