551
Украина добила повеќе од 12 милијарди долари во оружје и финансиска помош од почетокот на конфликтот со Русија, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал.
Говорејќи на донаторската конференција на високо ниво во Варшава, Шмихал им се заблагодари на лидерите на Полска, Шведска и на Европската комисија за нивната „непоколеблива поддршка за Украина во текот на целата војна“.
На меѓународната донаторска конференција за Украина денеска се собрани 6,5 милијарди долари, соопшти полскиот премиер Матеуш Моравјецки.