Украина благодарна за помошта од „Фондацијата Заев-едно општество за сите“

by Fokus

Јавна благодарност до „Фондацијата Заев- едно општество за сите“  изрази пратеникот на Врховната Рада на Украина, Горениук Олександр за донацијата од 20 тони производи.

-Денеска Одеса доби хуманитарна помош од нашите добри пријатели од Северна Македонија поточно – од фондацијата на поранешниот премиер на земјата Зоран Заев – „Фондација Заев – Едно општество за сите“.

Добивме многу потребни 20 тони производи кои ќе одат за потребите на вооружените сили на Украина, бегалците и оние на кои навистина им се потребни.

Ние сме многу благодарни на народот на оваа земја и лично на господинот Зоран Заев и неговото семејство за поддршката на Украина во борбата против руските окупатори.“, напиша тој на фејсбук.

 

Поврзани новости