Украинскиот министер за надворешни работи го повика светот да престане да купува руска сурова нафта.
-Барам од светот: целосно да ја изолирате Русија, да ги протерате амбасадорите, ембарго за нафтата, да ја уништите нејзината економија. Стоп за руските воени злосторници!, напиша тој на Твитер.
Досега со западните санкции се избегнува таргетирање на рускиот енергетски сектор.
Ова е трет ден од нападот на Русија врз Украина, нејзиниот јужен сосед.
Во текот на ноќта имаше борби во и околу Киев. Украинската војска соопшти дека ги одбила руските сили во близина на нејзината база на голема градска улица.
Министерството за здравство соопшти дека досега се убиени 198 Украинци, меѓу кои и две деца, а повеќе од 1.000 се повредени.
ОН проценуваат дека 100.000 луѓе избегале од Украина во изминатите 48 часа.