309
Украина денеска побара од Европската унија дополнителни санкции за Иран по неколкуте напади врз Киев со ирански беспилотни летала-„камикази“ што ги користи руската армија.
– Треба да се воведат санкции против Иран поради испорака на беспилотни летала за Русија, напиша на Твитер украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.
Украинските власти денеска соопштија дека Киев утринава четири пати бил гаѓан со ирански беспилотни летала кои оштетиле станбена зграда. Гаѓана е и железничката станица. Од минатиот понеделник Русија спроведува нов бран напади врз украински цели, при што често користи дронови од иранско производство.