464
Украина побара итна седница на Советот за безбедност на ОН со цел да се спротивстави на руската „нуклеарна уцена”, откако рускиот претседател Владимир Путин најави дека Москва ќе распореди никлеарно оружје во Белорусија.
„Украина очекува од Велика Британија, Кина, САД и Франција ефикасна акција за спротивставување на нуклеарната уцена од Кремљ”, пишува во соопштението од украинското Министерство за надворешни работи.
Министерството ги повика и Г7 и ЕУ да извршат притисок врз Белорусија и да и се заканат со „големи последици” ако прифати распоредување на руско нуклеарно оружје.