Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, ја повика ЕУ веднаш да примени барем дел од санкциите против Русија, со што и испрати порака на Москва дека нема да се толерира натамошна ескалација и дека Украина не е сама во оваа криза.
-Сметаме дека постојат добри и легитимни причини да се воведат барем дел од санкциите сега за да се покаже дека ЕУ го прави она што го кажува за санкциите – рече Кулеба од Брисел.
Шефот на украинската дипломатија при пристигнувањето на состанокот на Советот на ЕУ ги поздрави најавите за можна средба меѓу претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џозеф Бајден, оценувајќи дека секој дипломатски напор за изнаоѓање решение за украинската криза е добредојдена.
Во меѓувреме, рускиот министер за вонредни состојби Александар Чупријан изјави дека околу 61.000 цивили се досега евакуирани од сепаратистичките области во Украина.
Сепаратистичките лидери од Доњецк и Луганск објавија евакуација на стотици илјади цивили од областите, каде западните новински агенции тврдат дека била донесена одлука за мобилизација на полнолетното машко население.
САД ја обвинија Русија дека евакуиациите од Доњецк и Луганск се чиничен обид да се оттргне вниманието од престојната инвазија на Украина.