703
Знамето на Руската Федерација коешто било закачено на зградата на конзулатот во Битола било украдено, соопшти МВР.
Вработена во Конзулатот вчера во 16.50 часот во битолската полиција пријавила дека знамето било украдено од зградата на конзулатот којшто се наоѓа на улица „Маршал Тито“.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.