465
Локални власти покренале истрага откако е у тврдено дека исчезнало оружје од магацин во база на грчката морнарица на островот Лерос во Егејското Море.
Со инспекција е утврдено дека недостасува противтенковско оружје, муниција и рачни бомби.
Претходната проверка била извршена минатата година, информира портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, додавајќи дека има индиции дека оружјето е носено „малку по малку“.
Според него, најверојатно е дека тоа се случило во период од почетокот на годинава до летото.