Украдени 40 електромотори, пумпи и моторно возило: Крадците наишле на незаклучена влезна врата

by Fokus

Три лица од Скопје заработија кривична пријава, поради сомнение за тешка кражба и одземање на моторно возило од главниот град

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф. (19), А.Ј.(20) и И.Ш. (19), сите од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “тешка кражба“ и “одземање на моторно возило“. На 12.08.2018 година во времето од 14,00 до 17,00 часот во Скопје во објект на правно лице од Скопје, пријавените преку незаклучената влезна врата, влегле внатре и одзеле 40 електромотори и пумпи, по што истите ги ставиле во товарно возило “Мерцедес спринтер”, сопственост на фирмата, во кое бил оставен клучот за стартување на истото, по што заминале во непознат правец.

Поврзани новости