725
Завчера во СВР Битола била пријавена кражба на 240 тони пченица од парцели на ЗК Пелагонија.
-На 13.08.2020 во 14.00 часот во СВР Битола, Д.К.(48) од Битола пријавил дека во периодот од 25.07.2020 до 13.08.2020, од парцели сопственост на ЗК Пелагонија, во атарот на работна единица „Југ“, која ги опфаќа селата Кременица, Меџитлија, Породин, Лажец, Велушина, Гермијан и Бач, непознати лица извршиле кражба на 200 до 240 тони пченица, велат од МВР.
Според пријавеното, на тој начин била причинета материјална штета од околу 50.000 евра. За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.