Украдена е биста во Градскиот парк

by Фокус

Утрово било пријавено во полиција дека некој ја украл бистата на народниот херој Цветан Димов во скопскиот Градски парк, соопшти МВР.

„Денеска (28.04.2023) во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градскиот парк во Скопје била одземена бистата на народниот херој Цветан Димов. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Спомен-обележјата во Градскиот парк често се мета на вандали, а лани беа украдени бистите на Никола Вапцаров и Коле Неделковски, поставени во паркот пред десетина години.

Поврзани новости