Укинати пластичните кеси во ДМ маркетите, Макрадули вели дека нема да ги заборави торбите за пазарење дома

by fokus

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули заедно со претставници од ДМ маркетите, денеска ја укинаа употребата на пластични кеси и воведоа користење на памучни торби.

„Сликите на отпадот се грда слика со која сите се справуваме. Голема благодарност до компанијата ДМ која се вклучува во оваа кампања. Ние сме подготвени да се справиме со предизвиците, а тоа ќе го правиме со јавни кампањи. Предизвик и за мене е да не ги заборавам торбите за пазарење дома. Голем дел од маркетите имаат биоразградливи кеси“, истакна Макрадули.

 

 

Поврзани новости