Укината забраната за товарни возила на патот Маврово – Маврови Анови

by Fokus

Утрово од 08:30 часот се укинува забраната за тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Маврови Анови.

Останува забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Берово-Струмица која важи од синоќа поради обилните врнежи од снег и паднати дрвја на патот, соопшти АМСМ.

Во текот на вчерашниот ден екипи на „Македонијапат“ работеа на отстранување на паднатите дрвја.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози.

Поврзани новости