Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Пресека се укинуваат во 04:40 часот, соопшти АМСМ.
Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.