Укината смртна казна пред да биде извршена

by Фокус

Гувернерот на Оклахома, Кевин Стит, денеска нареди укинување на смртната казна за Џулиус Џонс, неколку часови пред да му биде инјектирана смртоносна доза. 

Џонс (41), во изминатите 20 години очекуваше исполнување на смртна казна поради убиство од 1999 година на бизнисменот Пол Ховел.

На судењето и по пресудата, Џонс постојано тврдеше дека е невин, дека поранешен познаник го извршил убиството и дека тој му го накалемил злосторството.

Укинатата смртна казна, сепак, е со услов тој да остане во доживотен затвор без право на помилување, со што неговите поддржувачи и роднини не се задоволни.

Притисокот од јавноста Стит да интервенира во случајот беше зголемен во неделите пред да се изврши казната.

Поврзани новости